Од Дебарско кичевската епархија информираат дека на 5-ти јануари, сабота, по повод празникот Свети Наум Охридски, со почеток во 08.45 часот ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“.

На 6-ти јануари, Бадник-Коледа, недела, ќе има света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот.

На 7-ми јануари, Рождество Христово Божик, понеделник, света архиерејска василиева литургија ќе се одржи во црквата „Св.Георги“ во Охрид со почеток во 08:45 часот. Света василиева литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ ќе има богослужба.

На 8-ми јануари, втор ден Божик, Собор на Пресвета Богородица, света архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица“-Челница со почеток во 08:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.

OhridNews