По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – сeло Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва на 7-ми август 2015 година, во манастирот по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, во манастирот ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

Света литургија во овој манастир ќе се служи и на 8-ми август 2015 година со почеток во 8:30 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи и во црквата „Света Петка“ во манастирот Свети Наум Охридски, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник,  Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8-ми август 2015 година во сабота навечер по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, во манастирот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, со почеток во 19 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и во недела на 9-ти август 2015 година со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, митрополитот Струмички господин Наум и митрополитот Европски господин Пимен.
 
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

OhridNews