По повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“, на 21. ноември (вторник), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, информира Дебарско-кичевската епархија. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
На 22. ноември (среда) во манастирот „Св. Петка“ село Велгошти – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобна Матрона“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
OhridNews