По повод почетокот на претстојните велигденски пости, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 10-ти март, недела, Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица-Каменско, со почеток во 16 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие).
Од понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“–Каменско. Утрена со часови и вечерна во 7 часот, Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски 16 часот.
На 13-ти март, среда, ќе се одржи архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
На 15-ти март, петок, ќе има утрена со часови и преждеосвештена литургија во 6 часот. Во 16 часот–мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица.
На првиот акатист од Велигденскиот пост Неговото Високопреосвештенство Митрополит господин Тимотеј ќе богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“–Каменско. Во петок богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
На 16-ти март, сабота, Тодорова сабота, Архиерејска литургија ќе се одржи во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“–Плаошник, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Тимотеј.
На 17-ти март, Недела на Павославието Архиерејска литургија во црквата „Св.Никола“–Геракомија, со почеток во 08:45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г.Тимотеј.
OhridNews