Пријавениот, кривичните дела ги сторил на ден 23-ти Ноември, во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптеката „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„
Тој го користeл моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари.
Синоќа околу 18 часот од киоскот на улицата „Галичица„ пријавениот П.П. одзел околу 500 денари дневен промет како и 10 ваучер картички за мобилни телефони, додека од Аптеката одзел околу 8000 денари. Дел од парите, истиот ги искористил за набавка на Метадон и опојна дрога Хероин.
СВР Охрид работи на евентуална поврзаност на пријавениот и со други кривични дела извршени на подрачјето.