Лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци само еднаш да  се издава, да се укине надоместок од 0,05 отсто од вкупниот промет кои треба да го плаќаат оние кои имаат повеќе од три маркети и да се продолжи продажбата на алкохолни пијалоци до 22 часот.

Ова се измените кои Здружението за трговија при Стопанската комора на Македонија ги бара во Законот за трговија.

Од комората велат дека овие измени директно ќе влијаат на зголемување на цените на сите продукти, а синџирите на маркети кои се инволвирани размислуваат да се откажат од продажбата на алкохолни пијалоци.

Од Здружението на трговци велат дека не е јасно зошто надоместокот од 0,05 треба да се врзува со лиценцата за продажба на алкохол и дека не е потребно на две години да се продолжува лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци.

Овие претставки Здружението ги поднело до Министерството за економија. Од таму велат дека оваа недела ќе бидат повикани претставниците од СКМ за да ги слушнат нивните барања и потоа ќе излезат со став дали ќе се направат измените.

OhridNews
извор: makfaks