СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19- годишно лице од кичевското село Брждани и против 16- годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ од кои две во обид, а против лицето од кичевско и за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Во периодот од април до 4- ти јули годинава, на различни локации во Охрид пријавените со употреба на погоден алат извршиле тешки кражби во шест куќи и три станови со што е причиниле материјална штета од околу 160.000 денари. Прво пријавениот искористувајќи ја возраста на второ пријавениот од користољубие го наведувал во вршење на кривичните дела.
OhridNews