Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа остана без просториите кои досега ги користеше ва последниот кад во зградата на ЗОИЛ, но и без дел од опремата, која како што тврдат од здружението била оштетена при отпочнување на градежните работи за реконструкција на просторот.
Одземени просториите на лицата со посебни потреби во зградата на ЗОИЛ
Од Здружението обвинуваат дека не биле информирани дека последниот кат каде се сместени и неговите простории е отуѓен од приватно правно лице и дека истото ќе отпочне со градежни работи. Не бевме известени дека треба да се иселиме, а при отпочнување на работите уништена ни е дел од од нашата опрема, компјутер и тв приемник, рекоа од Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа. Претседателот на здружението, Наташа Чочегова изрази незадоволство од начинот на кој се третираат лицата со посебни потреби.
во зградата на ЗОИЛ беа сместени повеќе невладини организации
Локалната самоуправа информираше дека здружението било известено дека просторот ќе се преуредува уште пред три месеци. Оттаму велат дека било понудено здружението да се пресели во простории кои се наоѓаат во зградата на ОУ „Братство и Единство“, но според локалната таквиот предлог не бил прифатен од страна на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.
ohridnews