Со цел подигање на јавната свест за прифаќање и поддршка на лицата со попреченост, во рамки на спроведувањето на тригодишниот локален  план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Општина Охрид, координативното тело  на својот последен работен состанок донесе одлука  лицата со попреченост  од нашиот град да се вклучат во акцијата ,,ден на дрвото ,,.

Петок, во 10 часот пред спортската сала  ,,Билјанини извори,, дрвца ќе засадат штитениците на дневниот центар ,,Порака,, , учениците од посебните паралелки од ОУ Св. Климент Охридски, Здружението на  слепи лица, Здружението на глуви и наглуви,  штитениците на дневниот престој за лица со посебни потреби кое функционира во просториите на црквата Св. Ѓорѓија, Здружението на телесно инвалидизирани лица. Во акцијата ќе им се придружат и волонтерите од општинскиот Црвен крст.

OhridNews