Лицата со кратки имиња заработуваат повеќе од останатите, покажала една студија на Ладерс, сајт кој се занимава со посредништво помеѓу работодавачите и работната сила, и кој брои повеќе од шест милиони членови. Студијата покажала дека секоја дополнителна буква во името значи губење од годишната плата до 3600 долари. До овој заклучок се дошло врз основа на споредбата на платите на 24 пара учесници со различни имиња. Според ова истражување, лицата кои имаат име „Sarah“ заработуваат помалку од оние кои се викаат само Sara, a Стефан помалку од Стив.
Единствен исклучок претставуваат лицата со име Лоренс, кои без оглед на подолгото име се во предност во одност на заработувачката од оние кои се викаат Лари. Некои маркетинг аналитичари тврдат дека имињата како Боб и Бил допринесуваат лицата кои ги носат да станат омилени како шефови и да им помагаат во работниот успех.