Доналд Литл не е повеќе дел од охридскиот Амак СП. 211 см високиот американец кој беше најавуван како големо засилување не ги задоволи вкусовите на првите луѓе на клубот, а како што ни изјави тренерот Марјан Лазовски кај него едноставно не постоела желба за докажување и за наметнување .

Доналд во текот на денешниот ден ќе го напушти Охрид и нема да ја продолжиме соработката со него. Од она што го видов во Кавадарци и од она што ми го кажаа моите помошници,кај него нема желба да остане овде и да работи во екиптата. Веќе утре го очекуваме србинот Агоч да го пополни неговото место, а ќе мора да ангажираме уште еден играч на позиција “пет“  – рече Марјан Лазовски.

Охриѓани во рамките на подготовките за претстојната сезона продолжуваат со пријателските натпревари. За утре прелиминарно е договорен натпервар со Вардар, додека во вторник охриѓани патуваат во Битола на меч со Пелистер.

М.Постоловски