Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“, Интернационалниот ден на жената го одбележаа на  еден поинаков, нетипичен начин, со дебата во кафе и бар „Шила“ за значајни жени и ликови од уметноста.

Мерсиха Исмајлоска се осврна на тема „Урсула Легвин, жената која зборува со змејови“,  Марина Икономова Шокева говореше на тема „Силвија Плат, дали жените обожуваат фашисти!?“, Еди Ќела за „Жената во делата на Халиде Едип Адивар“, Маја Мојсова: „Дали ова е вистинското Сега? Мајка Божја/Големата Мајка и Пророчицата Агата), а Кристина Тодороска Петреска дебатираше на тема „Ени, два века пред времето“.

Во дебатата активно се вклучи и публиката, а заклучоците ја потврдија потребата од континуирана борба за женски права, како дел од останати човекови права, велат од Литературниот клуб „Григор Прличев“.

OhridNews