Во сабота во КИЦ „Култура 365“ ќе се оддржи литературна средба во чест на македонскиот поет и учител, Саме Лимани Жарноски.
На средбата која започнува од 12 часот, ќе се зборува за делото на Лимани Жарноски и ќе се чита негова поезија.
Инаку, Саме Лимани – Жарноски (1935 – 28 јануари 2007) е македонски поет роден во селото Жировница. Од 1991 година бил член на Друштвото на писатели на Македонија, а зад неговото творештво се наоѓаат неколку книги издадени во периодот од 70-тите и почетокот на 80-тите години од минатото столетие.
OhridNews