Во четврток со почеток од 12 часот, во КИЦ „Култура 365“ ќе се одржи средба посветена на творештвото на охридскиот поет Антонио Танески.

Антонио Танески роден е во 1949 година. Пишувал поезија, книжевни критики и есеи, а свои дела објавувал во македонската книжевна периодика. Преведуван е на српски и турски јазик. Автор е на стихозбирките: „Кавга“ (1990), „Несоници“ (1994) и „Мракот ве гони“ (1996).

OhridNews