Во петок во Културно-информативниот центар „Култура 365“, со почеток од 12 часот, ќе се одржи литературна средба посветена на творештвото на охридскиот писател Димче Маленко.

Димче Маленко (1919-1990) е охридски писател кој оставил трага во македонската литература со своите дела: „Самуил и Прокуденик“, „Унер“, „Слободољубни човекољупци“ (1972), „Паркот на Јоновци“ (1973), „Маченици“ (1983), „Охридска народна песна и приказна“ (1989), „Вознемирен водосвод“ (1994 постумно).

Работел како просветен, културен и општествено – политички работник.

OhridNews