Утре, петок, од 18 часот во Книжарницата „Просвета“ лоцирана во Старата охридска чаршија ќе се одржи Литературна средба со авторката Весна Пирузева – Петровска од Охрид.
При тоа, ќе бидат промовирани трите нови изданија на Пирузева – Петровска „Здрава исхрана“ и „Македонските овошни приказни во стих“ со ЦД – Шарена весела бонека со стихови за деца .
Присутните ќе имаат можност да постават прашања околу здравата исхрана и разговараат со авторката Весна Пирузева – Петровска.
OhridNews