Охридската библиотека “Григор Прличев”  заедно со Здружението на граѓани Црногорци од Охрид,  денес организира  Литературен портрет за академик Сретен Перовиќ од Црна Гора. Беседник на портретот ќе кој  ќе се одржи во Прличевата одаја ќе биде Тоде Илиески, а интерпретацијата ќе ја изведе Мариела Јовановиќ.
Сретен Перовиќ е овогодинешниот добитник на Повелбата „Академија на Медитеранот” што ја доделува Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот”. Одлуката за добитникот на признанието во 2010 година едногласно ја донесе Управниот одбор на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци” од Струга. Од таму објаснуваат дека повелбата на Перовиќ му се доделува за високи дострели, афирмација, превод и негување на македонската и на црногорската култура, литература и јазик.

Перовиќ е поет, критичар, публицист, енциклопедист. Тој е еден од најплодните преведувачи на поезијата на Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски и други еминентни македонски поети.

OhridNews