Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид објавуваат литературен и ликовен конкурс на тема „Глас на хуманоста“.

Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебрца, како и други заинтересирани граѓани. Може да се учествува со поезија, проза и ликовна уметност, информираат од Црвен крст Охрид.

Творбите, велат, ќе ги разгледува и оценува стручна комисија, а наградените ќе бидат објавени на 26 мај.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 мај во Црвен крст Охрид, со почеток во 12:00 часот. Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење, посочуваат.

Творбите се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, како и на е-маил: [email protected].

Краен рок за доставување е 23 мај.

OhridNews