Германскиот Бундеслигаш Волфсбург му врачи отказ на тренерот Стив Мекларен и на негово место е назначен поранешниот германски репрезентативец Пјер Литбарски.


Поранешниот англиски селектор, кој минатата сезона со Твенте ја освои титулата во холандското првенство, не успеа да се снајде во Бундеслигата  каде на табелата Волфсбург се наоѓа на 12-то место со само еден бод повеќе од тимовите кои се наоѓаат во зоната која води во понизок ранг.

До крајот на сезоната тимот ќего предводи неговиот помошник германскиот репрезентативец, 51-годишниот Литбарски кој нема богата тренерско искуство. Во кариерата ги има предводено неколку јапонски екипи, Дуизбург, Ф.К. Сиднеј и Вадуз.

Ohridnews