Една лисица, која со куршум ја ранил еден ловец, успеала да му возврати со иста мера и да побегне. Имено, животното било рането од еден ловец од Белорусија, кој потоа се обидел со кундакот од пушката да го докрајчи животното. Меѓутоа, лукавата лисица некако се снашла додека се борела со ловецот и случајно пукнала со пушката, погодувајќи го ловецот во ногата.


После немилиот инцидент лисицата побегнала во шумата. Ловецот моментално се наоѓа на болничко лекување. Ловот на лисици е многу популарен во овој белоруски регион, а ова е прв ваков забелеан инцидент.