Една лисица успеала да се искачи на врвот од највисоката зграда во Лондон и таму да го направи своето живеалиште. Животното, кое го добило името Ромео, најверојатно на врвот на недовршената стаклена кула стигнало качувајќи се по главните скали. Живеела од остатоците од храната која ја оставале вработените кои ја граделе зградата.
Лисицата била фатена и била одведена кај ветеринар кој го проверил нејзиното здравје. Инаку, зградата која треба да биде готова 2012 година ќе биде висока 310 метри и ќе биде највисоката зграда во Европската Унија. Облакодерот кој претставува склоп на хотели, станови и канцеларии, се наоѓа во историскиот центар на Лондон.