Манчестер Сити го продолжи походот кон одбрана на титулата во Лига купот обезбедувајќи пласман во 1/2 финалето. „Граѓаните“ за пласман во ТОП 4 го елиминираа Лестер после изведувањето на пеналите (3-1), откако регуларните 90-ет минути завршија 1-1.

Во текот на мечот Манчестер Сити поведе со голот на Кеви де Брујне, а бројките на семафорот ги изедначи Марк Албрајтон во второто полувреме. Во пенал рулетот фудбалерите на Лестер не се прославија реализирајќи само еден четирите, додека „граѓаните“ постигнаа три погодоци од четирите пенали. Сепак, најлош пенал изведе Стерлинг кој проба со „паненка“, но ударот беше пресилен и заврши над голот.

Покрај бранителот на трофејот пласман во полуфиналето обезбеди и Бартон кој со минимални 1-0 го совлада Мидлзброу на „Риверсајд“ стадионот.

OhridNews