Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Д. У. роден 1975 година во Струга.

Пријавениот, од месец Јули минатата година до средината на месец oктомври оваа година, на повеке наркозависници од Охрид и Струга, им продавал опојна дрога хероин за паричен износ од 500, 1000 и 5000 денари.

При извршени прегледи и претреси кај повекето наркозависници, инспекторите од Одделението за борба против дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа дел од хероинот што го купувале од пријавениот. При претрес во домот на пријавениот Д.У. во Струга, пронајдени се две шишенца течност со натпис ,,Хептанон,, дигитална вага  со траги од бела прашкаста материја, алуминиумски фолии и друга опрема. Притоа, во близина на домот на пријавениот, затекнати се две лица од Охрид а по работа кај едниот од нив, утврдено е присуство на метаболите од опијати. Одземената дрога и предмети, се доставени на дополнително вештачење во Секторот за Крим-техника при МВР на РМ.

СВР Охрид, го лиши од слобода пријавениот Д.У. од Струга а Истражен судија при Основниот суд во Охрид, му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

извор: СВР Охрид

Ohridnews