Главниот град на Португалија, Лисабон, ќе биде домаќин на завршниот турнир сезонава во ракометната Лига Европа, одлучи ЕХФ и со жрепка ги одреди полуфиналните двојки.
Бранителот на титулата Магдебург за пласман во финалето ќе игра против хрватски Нексе, додека во второто полуфинале противник на домаќинот Бенфика ќе биде полскиот претставник Висла Плоцк.
Финалето е на програмата на 29 мај.
Завршниот турнир во второто по ранг европско ракометното клупско натпреварување ќе се игра во „Алтиче арена“ со капацитет од 12.500 седишта.
OhridNews