Лирим Јакупи – Нацист, инволвиран во случувањата во Кондово во 2004-та и во Бродец во 2007-ма година, е уапсен во Приштина, соопшти вчера косовската полиција.

Како што јавува „Макфакс“, Јакупи, кој во 2007-мата година избега од селото Бродец, кога за време на полициската акција „Планинска бура“ беа убиени шест негови соработници, бил уапсен во стан во Приштина. По извршениот претрес, кај него е пронајдено автоматско оружје, два пиштоли и две гранати.

Во 2004-тата, Јакупи беше дел од вооружените групи што го контролираа скопско Кондово.

Јакупи, родум од околината на Бујановац, освен во Македонија и Косово, учествувал и во повеќе криминални акции во Србија.

Одреден му е 48-часовен притвор од страна на косовската полиција.

OhridNews
извор: „Макфакс“