Екипата на Лирија триумфираше во Општинскиот куп во Струга и обезбеди пласман во 1/16 финалето од завршницата во Купот на Македонија за следната сезона.


До трофејот од Купот фудбалерите на Лирија стигнаа со победата над Караоман во финалето со 4-2.

Во финалето во охридската Општинска лига  ќе се сретнат третолигашот Вулкан и тимот на Воска.

Натпреварот се игра на 20 мај со почеток во 17 часот на градскиот стадион „Атина Бојаџи“.

Мх.П.