Првакот во Општинската Фудбалска Лига, екипата на Лешани во бараж мечот за влез во третата фудбалска лига Југозапад ќе игра против екипата на Лирија од Ресен.

Бараж мечот се игра на неутрален терен во Кравари, в Недела.

Според пропозициите во случај на нерешен резултат ќе се играат продолжетоци. Доколку и во тој период не биде одреден победникот следува изведувањето на пеналите.

Системот на натпреварување во регионот наредната сезона ќе претрпи промени. Ќе има скратување на лигите, па така од пет ќе се формираат три нови региони.