Прославениот хрватски стручњак и тренер на Металург, Лино Червар е новиот селектор на македонската ракометна репрезентација.


Червар за нов кормилар на сениорската репрезентација беше избран едногласно од стручната комисија при Ракометната федерација на Македонија составена од Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски.

Хрватскиот ракометен стручњак зад своето репрезентативно педигре има златни медали од Олимпијада и Светско првенство со селекцијата на Хрватска.

Червар по верификувањето на селекторската позиција веднаш ќе има задача откако Македонија ја очекува бараж меч со Чешка за пласман на Мундијалот во Франција.

Прв асистент на Червар во селекцијата ќе му биде Илија Темелкоски кој моментално е тренер на Тинекс Пролет, а ја предводеше Македонија на Светското првенство во Хрватска 2009 година.

Покрај тренерот на Металург за селекторската позиција во македонската репрезентација аплицираа уште Владимир Глигоров, Швеѓанецот Роберт Хедин, Србинот Александар Брковиќ и Шпанецот Жорди Луелјес.

Мх.П.