Поранешниот тренер на Хрватската репрезентација и тренер на РК Металург, Лино Червар изјави за хрватскиот портал Дневник. хр дека имало разговори тој да стане селектор на македонската машка ракометна репрезентација, но ниту еден од тие разговори не биле формални и не потпишал никаков договор.


 –Тоа е една од опциите но и други тренери би го сакале тоа место.  Мислам дека имам време колку што сакам  да ја донесам одлуката – изјави Червар.

Тренерот не го криеше своето незадоволство по пречекот на хрватската репрезентација во Загреб каде само околу стотина навивачи ги пречекаа ракометарите.

На сите критичари на неговата досегашна работа им порача „во последните осум години освоив 15 титули, бев тренер на селекцијата на светот и не знам што повеќе да направам за да ме ценат“ додаде Червар.

Хрватска го освои второто место на Европското првенство кое неодамна се одржа во Австрија. Во финалето беше поразена од Франција.

Ohridnews

Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.