Поранешниот предводник на Металург, Лино Червар, извесен период поминал во болница, откако итно му била извршена операција за остранување на камења од бубрегот и од уретрата. Червар после оперативниот зафат се чувствува добро и пуштен е на домашно лекување.
Се надевам проблемите дека се надминати и ќе можам да уживам со моите најблиски. Се уште имам проблеми со грбот и дискот што ми удира по нервот. Можеби после дополнителните прегледи ќе треба уште еднаш се оперирам, но да почекаме. – изјави Червар.
Искусниот ракометен стручњак моментално е без ангажман. Червар последно беше селектор на Хрватска од каде замина веднаш после Светското првенство, кое во јануари месец се одржа во Египет.
OhridNews