Олимпискиот и светски правак хрватскит стратег Лино Червар со екипата на Металург ќе допатува во Охрид на седумдневни подготовки.


Лидерот по првиот дел од шампионатот ги започна подготовките без репрезентативците кои се во Турција на квалификацискиот турнир за СП 2011 во Шведска, и без Червар кој со репрезентацијата на Хрватска се подготвува за престојното ЕП во Австрија.


Металург во Охрид ќе допатува на 1 февруари, а езерото и одличните услови покрај езерото треба да бидат дополнителна енергија за ракометарите пред осминафиналето во КПК. Металруг ќе игра со францускиот Трембле и тоа првиот меч дома на 14 февруари, а на 20-ти ќе следува реваншот.

М.П.