СДСМ вчера на прес конференција оцени дека изборот на „Линк медиа плус“ да го организира дочекот на Нова година во Скопје е корупциски скандал, бидејќи управителот на фирмата минатата година добил кривична пријава за затајување данок.
Ваквите обинувања според фирмата се обид на СДСМ да биде попречено извршувањето на судската пресуда со која „Линк Медиа Плус“ од Општина Охрид треба да наплати долг за новогодишното украсување за 2006/2007 година по основ на добиен тендер.
Фирмата најави дека нема да се откаже од извршувањето на судската пресуда, и дека во консултација со своите адвокати ќе преземе мерки за заштита на својот углед.