АД „Галеб “ Охрид повторно ја стави вон функција меѓународната линија кон Белград, Република Србија, која беше реобновена деновиве. Причина за тоа е сериозната состојба со Ковид 19 кај северниoт сосед.

Поради сложеноста на ситуацијата со Ковид 19 во соседна Србија, линијата за Белград со поаѓање во 15:30 од Охрид се става во мирување до натамошно известување. – соопшти АД „Галеб“.

Линијата Охрид – Белград на „Галеб“ повторно ставена во мирување

Состојбата со Ковид 19 најалармантна е на југот на Србија, каде бројот на заболени и починати од опасниот вирус секојдневно расте. Болниците во повеќе градови се преполни со заболени од коронавирус. Во Нови Пазар заразени се и девет лекари, како и медицински персонал. Претседателот на Србија Вучиќ во изјава за медиумите рече дека состојбата во Нови Пазар е сериозна, но е под контрола, додавајќи дека десет пати посериозна е состојбата во главниот град Белград.

OhridNews