Во рамки на „Научната и уметничка визита”, која во организација на Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ се одржува во Куќата на Уранија, денеска ќе биде организирано пристапно предавање на професор д-р Јан Соколовски од Полска кој е член на МАНУ надвор од работниот состав. Тој ќе говори за „Проблематиката на деминутивите во Македонскиот и Полскиот јазик“.

Предавањето ќе се одржи во рамки на дводневната Лингвистичката работилница која започна вчера и ја води Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“.

Утре на 13-ти јули, во Куќата на Уранија, ќе биде отворена Филигранската изложба на Мирјана Николовска, која е дел од програмата на овогодинешното издание на фестивалот Охридско лето.

OhridNews