Во рамки на „Научната и уметничка визита”, која во организација на Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ се одржува во Куќата на Уранија, на 11-ти и 12-ти јули 2016 година ќе биде организирана Лингвистичката работилница, која ќе ја води Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“.
Исто така на 12-ти јули ќе биде организирано пристапно предавање на професор д-р Јан Соколовски од Полска кој е член на МАНУ надвор од работниот состав. Тој ќе говори за „Проблематиката на деминутивите во Македонскиот и Полскиот јазик“.
На 13-ти јули, во Куќата на Уранија, ќе биде отворена Филигранската изложба на Мирјана Николовска, која е дел од програмата на овогодинешното издание на фестивалот Охридско лето.
OhridNews