Манчестер јунајтед се согласи на договор со Вест Хем да му го позајми Џеси Лингард на лондонскиот премиерлигашот до крајот на тековната сезона.

Трансферот на 28- годишниот Лингард ќе го чини Вест Хем три милиони фунти.

Лингард доаѓа во редовите на Вест Хем, откако самиот ги одби понудите од Њукасл и Вест Бромвич Албион.

Офанзивниот играч за врска не е во плановите на тренерот на Манчестер Јунјатед, Оле Гунар Солскјер и последен пат настапи за „црвените ѓаволи“ во Премиерлигата во јули лани.

Погба ќе разговара со Манчестер Јунајтед

Фудбалерот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, изјави дека планира да разговара со клубот за продолжување на договорот.

Имам валиден договор. Тука сум и уживам во играта. Секој знае дека имам уште една година од договорот. Одам да разговарам со клубот. Да видиме како сето тоа ќе заврши. Сега мојата цел е да освојам нешто. Ова е единственото за што размислувам. Сакам да победувам. Ми треба овој притисок. Сакам да играм против врвни играчи, врвни клубови, тоа е добар притисок. – рече Погба во разговорот со Рио Фердинанд на каналот „БТ Спорт“.

Манчестер Јунајтед е втор на табелата во Премиер лигата со 40 бода, еден помалку од лидерот Манчестер Сити. 

OhridNews