Американката Линдзи Вон го побара за сопруг своето момче на Божиќ, неколку месеци откако ја потврдија свршувачката. Скијачката легенда му предложила брак на канадската хокеарска ѕвезда П.К. Субана.

  • Среќен Божиќ и среќни празници на сите! На нашата втора годишнина, со „нетрадиционален потег“, го замолив да се ожени со мене и тој рече да. – напиша Вон на Твитер.

Американката беше во врска со голф играчот Тајгер Вудс, а во брак со со крос-кантри скијачот Томас Вон, чие презиме го зачува и откако се разведе од него.

OhridNews