Линдзи Лохан е во врска со поранешното момче на Кели Брук, рагби играчот Дани Киприани. Тие биле на два состаноци за само 48 часа. Првиот пат биле во ноќниот клуб „The Tea Room“ во Лос Анџелес. Само 24 часа подоцна Дани бил забележан како влегува во станот на актерката.
Еден негов пријател изјавил дека многу се заљубил во проблематичната актерка. Неговата поранешна девојка, Кели Брук, моментално е на одмор на Барбадос, и не била многу задоволна со новата врска на своето поранешно момче. Тие наводно ја прекинале својата врска поради посветеноста на личните кариери.