Актерката која неодамна била осудена на три месеци затвор, се фотографирала во провокативно издание за списанието “Blank”. По изрекувањето на казната, таа била ослободена од затвор со кауција од 75 илјади долари, па продолжила со својот живот, а тоа го докажала со фотографиите за насловната страна на списанието.
Актерката која има 24 години, и веќе лежела во затвор, се фотографирала носејќи високи потпетици, златен фустан, црвени чорапи и друга провокативна облека пред објективите на фотографите Стивен Гомилион и Денис Леополд.