Американската актерка Линдзи Лохан не се појави на венецијанскиот филмски фестивал на промоцијата на филмот „The Canyons“, еротски трилер кој критиката остро го нападна, па во петокот екипата на филмот мораше да го брани своето остварување без неа.
Филмот што во Лос Анџелeс е претставен како своевиден „нов филм ноар“, бидејќи предупредува на опасноста од опседнатоста со сексот, не ја одушеви критиката поради просечното сценарио и актерите, како и сексуалните сцени за кои смета дека само се редат на екранот.
Линдзи Лохан којашто беше многу очекувана во Венеција, се откажала од доаѓањето во последен момент, па порно актерот Џејмс Дин и режисерот Пол Шрејдер мораа сами да го бранат филмот. „Експлицитните сцени на сексот во филмот се потребни поради приказната, не станува збор само за гради и задници“, појаснил Дин кој во филмот заедно со ликот што го толкува Лохан преку интернет пронаоѓаат двојки кои се заинтересирани за еротски дружења.
Шрејдер, кои е автор на сценариото за култниот филм „Таксист“ на Мартин Скорсезе од 1976 година, одбил да го коментира контроверзниот приватен живот на Линдзи Лохан, и само рекол дека сега се чувствува слободно бидејќи 18 месеци бил заложник на „талентираната, но непредвидлива“ актерка.
Дваесет иседумгодишната Лохан во неделата и’ се довери на славната телевизиска водителка Опра Винфри дека
OhridNews
извор:„Макфакс“