Американската актерка Линдзи Лохан наводно се согласила да се фотографира гола за списанието Плејбој, бидејќи и бил понуден хонорар од милион долари. Актерката, која веќе подолго време е во центарот на вниманието поради проблемите со законот, претходно одбила понуда од 750 илјади долари.
Нејзиниот претставник за медиумите не сакал ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа вест. Извори блиски на актерката навеле дека Линдзи Лохан својата прва фото сесија ја имала уште минатиот викенд. Популарното машко списание се обидува да ја наговори Лохан да се појави на неговите страници уште од 2008 година, кога таа се сликала полугола имитирајќи ја Мерлин Монро.