Контраверзната актерка Линдзи Лохан снимила фотографии за модната кампања на компанијата на дизајнерот Филип Плејн во Италија. Таа колекцијата ја опишала како остра и рекла како се надева дека тоа што е заштитно лице ќе и помогне околу тоа луѓето да го променат мислењето за нејзиниот начин на живот. Германскиот дизајнер Плејн рекол дека е почестен што работи со Линдзи Лохан и додал дека таа за него е автентична, талентирана и преубава.


Пред Линдзи Лохан со овој моден креатор соработувале актерката Миша Бартон и руската манекенка Ирина Антоненко. Минатата седмица американските медиуми пишувале дека Лохан била замолена да ја напушти забавата на дизајнерот Мaрк Џејкобс, а исто така била обвинета дека истата седмица гаѓала со чаша еден фотограф на балот кој бил организиран од списанието “V”.