Проблематичната актерка Линдзи Лохан била осудена на 4 месеци затвор поради кражба на златен накит кој го украла од една продавница во Лос Анџелес. Таа ја признала вината, па добила само 4 месеци казна во домашен притвор.
Нејзиниот адвокат се обидел да се спогоди со судијата Линдзи да добие казна која би ја одработила со општокорисна работа, но судијата не попуштил. Тој бил строг бидејќи кражбата на накитот се случила само три седмици откако Линдзи била пуштена од рехабилитација.