Додека се обидувала да излезе од паркинг, Линдзи Лохан неодамна со автомобилот удрила еден човек и побегнала. Бидејќи човекот минал без повреди, овој пат нема да биде подигнато обвинение против ѕвездата која веќе неколку пати имала проблеми со законот. Кога во околу еден часот наутро излегла од еден ноќен клуб, актерката на паркингот затекнала неколку папараци кои го обиколиле нејзиниот автомобил.

Откако едвај успеала да влезе во него, го стартувала автомобилот и се обидела што побрзо да се оддалечи, но во таа прилика удрила еден од присутните. Човекот повикал полиција и го пријавил случајот, но бидејќи не бил повреден одлучил да не подига обвинение против актерката.