Американската актерка Линдзи Лохан, која е позната повеќе по своите скандали, никако да се смири. Таа минатата седмица ја повредила болничарката на клиниката на која се наоѓа на одвикнување од алкохолот. Медицинската сестра, Дон Холанд, добила потешка пореда на раката. Според Дон, Линдзи со уште два пациенти на клиниката ја прескокнале оградата и отишле да купат алкохол. Кога се вратиле болничарот побарал да направат тест на алкохол, но актерката тоа остро го одбила. Холанд, која се наоѓала во близина се вмешала во кавгата, но уште тогаш лутата Лохан ја вреѓала и и се заканувала.


Болничарката веднаш повикала полиција, но разлутената Линдзи се обидела да и го одземе телефонот, па тогаш и ја повредила раката. Дон Хоанд по објавувањето на оваа информација добила отказ од позната клиника за одвикнување, бидејќи го прекршила строгото правило и јавно открила доверливи податоци за пациентите.