Проблематичната актерка Линдзи Лохан планира да тужи една компанија за организирање забави од Дубаи, бидејќи за време на промоцијата на своите новогодишни забави лажеле дека на некои од нив ќе се појави и Лохан. Нејзиниот портпарол Стив Хониг рекол дека актерката планирала Новата година да ја дочека во Калифорнија, а не во Обединетите Арапски Емирати.
Тој за медиумите изјавил дека таа не отишла во Дубаи, ниту дека имала таква намера. За новогодишните празници таа ќе останела во Лос Анџелес заедно со пријателите и семејството. Во меѓувреме, нејзините службеници ќе испратат тужба до неименуваната компанија, која за време на промоцијата за новогодишниот дочек на брод за крстарење ги убедувала можните гости дека на забавата доаѓа и Линдзи.