Проблематичната актерка Линдзи Лохан се сели во Њујорк. Таа го напушта својот дом во Лос Анџелес и се сели во луксузен изнајмен стан во „Големото јаболко“. Таа е родена во Њујорк, па се надева дека промената на средината добро ќе и дојде, бидејќи сака да сврти нов лист и да почне со својот живот од почеток.


Таа во Њујорк ќе живее со својот брат Мајкл. Актерката смета дека тоа ќе и помогне да ја преброди кризата во која западнала поради лечењето на своите зависности, и дека ќе успее да продолжи со својата кариера. Таа веќе се распрашала за актуелните места по градот каде ќе ужива во ноќните проводи заедно со својот брат, но овојпат ветила дека ќе се однесува примерно.