Актерката Линдзи Лохан одлучила да направи уште една тетоважа на своето тело, а новото дело овој пат ќе се најде на нејзината рака. Актерката на Инстаграм поставила фотографија на која се гледа Стаино, познат уличен уметник како работи на своето ново уметничко дело. Лохан одлучила на раката да ги истетовира стиховите од песната “Stars, all we ask for you is to twinkle”, кои и Мерлин Монро често ги цитирала.

Линдзи веќе има еден цитат на Мерлин Монро да другата рака, а кој гласи “I restore myself when i’m alone”, или во превод „Закрепнувам кога сум сама“. Таа открила и дека станала зависна од тетовирање, и дека најверојатно во иднина ќе стави уште некоја тетоважа.