Линдзи Лохан одлучила да се откаже од свето презиме и на јавноста во иднина да и се претставува само како Линдзи. Освен неа, истото ќе го сторат и нејзината мајка Дина и помала сестра Али, која ќе го земе мајчиното моминско презиме Саливан. Семеен пријател изјавил дека тоа ќе биде нов почеток за нив бидејќи повеќе не сакаат да имаат било каква врска со таткото на Линдзи.


Актерката, која веќе извесно време не комуницира со таткото, на тој чекор се одлучила откако таткото завршил во затвор откако ја претепал девојката Кејт Мејџор. Неодамна учествувал во реалното шоу ‘Dr. Drew’s Celebrity Rehab’, како би научил да го контролира сопствениот бес.