Линдзи Лохан се враќа на старо, така барем се чини откако предизвика низ скандали на венчавка на свои пријатели. Како прво на венчавката се појави во бел фустан, за што многумина и замерија, потоа ги лакираше ноктите и телефонираше за време на церемонијата. Сепак, тоа не е ништо во споредба со она што следуваше подоцна.
Во еден момент почнала да вика бидејќи била сигурна дека некој ја фотографирал. Забавата на напушти порано, за недолго после тоа да се појави гола трчајќи и зборувајќи дека ја дрогирале. Проблематичната актерка била уверена дека некој и стави дрога во пијалокот. За жал, надежта дека Линдзи сепак закрепна од својот див живот, дрогата и алкохолот, со ова уште еднаш паднаа во вода.